13 Climbing Festival – Демир Капија

Вести

Пред нас е 13 качувачки фестивал во Демир Капија, кој ќе се одржи 1 и 2 октомври 2022 год. Како и секоја година, ве очекува фантастично качување на повеќе од 350 насоки со различен стил, тeжина и со должини од 15 и 250м. Правилата се едноставни, натпревар во маратонско качување на што повеќе насоки, слободно качување, дружење, музика.

Се качува во парови, а се бодуваат сите без пад искачени насоки, независно од бројот на обиди. Една насока носи само еднаш поени. Одберете во која категорија ќе качувате и тоа: * во првата категорија се бодуваат насоки со
тежина до 6с+.

во втората категорија од 7а нагоре.
Секоја искачена насока “во водство” носи одредени поени за еден качувач.
На крајот се прогласува искачувањето на парот заеднички, а тие нормално можат да мешани родови!

Програма на фестивалот:
*петок, 30. 09. 2022

од 19.00 до 23.00 регистрација во Ресторан “Коле” Демир Капија;

сабота, 01. 10. 2022

од 09.00 часот продолжува регистрацијата во секторот Малчик с’палчик;

од 10.00 часот старт на качувачкиот
маратон;

недела, 02. 10. 2022

во 18.00 часот завршува качувачкиот
маратон;

19.00 часот прогласување во Коле ресторанот;
Спортско Качувачкиот клуб “Карпи за секој” и Рок Ланд кампот како организатор на фестивалот ве очекува и ви посакува успешно маратонско качување!

Previous Post
“Ројалти” меѓу материјалите, австралиска мерино волна
Next Post
Важно известување за Титов врв Skyrace