Пред нас е 13 качувачки фестивал во Демир Капија, кој ќе се одржи 1 и 2 октомври 2022 год. Како и секоја година, ве очекува фантастично качување на повеќе од 350 насоки со различен стил, тeжина и со должини од 15 и 250м. Правилата се едноставни, натпревар во маратонско качување на што повеќе насоки, слободно качување, државно првенство, дружење, музика…
Се качува во парови, а се бодуваат сите без пад искачени насоки во водство, независно од бројот на обиди. Една насока носи само еднаш поени.
Натпреварите се:
1. 32 часовен маратон за качување:
* Изберете ја вашата категорија за качување;
– Категорија #1 – насоки со тежина до 6c+,
– Категорија #2 – спортско качувачки насоки со тежина од 7а ;
Секоја искачена насока носи одредени поени за качувачот.
Победникот е качувачкиот пар со највисок заеднички резултат.
Секако, паровите може да бидат од мешан пол!
2. Предизвик Petzl награда: качете ги сите означени насоки – по една во секој сектор во локалитетот Демир Капија и освоите јаже Petzl!
Програма на фестивалот:
*петок, 30. 09. 2022
– од 19.00 до 23.00 регистрација во Ресторан “Коле” Демир Капија;
* сабота, 01. 10. 2022:
– од 10.00 часот старт на качувачкиот
маратон;
За сите кои нема да се регистрираат во петокот, ќе можат во сабота од 08.00 часот во секторот Малчи С’палчик;
* недела, 02. 10. 2022
– 18.00 часот завршува качувачкиот маратон;
– 19.00 часот прогласување во “Коле“ ресторанот;
Спортско Качувачкиот клуб “Карпи за секој” и Рок Ланд кампот како организатор на фестивалот ве очекува и ви посакува успешно маратонско качување!