16 биатлонци го откажаа учеството на светски и европски купови заради формирање на нова федерација

Вести

Зад оваа одлука стојат Ставре Јада, Дејвид Величковски , Викторија Јовановска, Ана Цветановска, Дарко Крстевски, Дарко Дамјановски, Соте Андреевски, Давид Торевски, Благоја Наједноски , Петар Чанговски , Евгенија Здравевска , Анамарија Зафировска, Ана Ангелова, Тони Станоевски и Милачно Крстевски. Тие одбиваат да бида дел од нова Биатлон федерација на Македонија

Македонскиот репрезентативец со норма за светски куп, Ставре Јада изјави дека заедно со останатите натпреварувачи останува во постоечката скијачка федерација на Македонија и ќе остане да се припрема во крос кантри за олимпијадата во Пекинг 2022 година.

Неодамна на социјалните мрежи Ставре Јада на 3 месеци пред олимпијадата објави сериозни обинувања за долгогодишното раководство на чело со Ѓоко Динески и Васил Сокле , кои ги обвини за злоупотреба на финансиските средства и дека е оставен без финансии во екот на припремите за Пекинг 2022.

Инаку FIS меѓународната скијачка федерација откажа секаква соработка со македонското тело се додека соодветно не се средат работите во скијачката федерација. Злоупотребата на финансии, фиктивни клубови без никакви резултати и тренинг програми, кулминираше со колапс на федерацијата.

Претходен написи
Ковид бандана со филтер – ски опрема на сезоната
Следен напис
Попова Шапка надополнета со нова инфраструктура