34 планинари по 11-ти пат првото изгрејсонце го дочекаа на Пелистер

Вести

Снег и топли бои од првото изгрејсонце во 2022 година. Дури 34 планинари оваа година ги пречека овој поглед, откако 4 часа и 40 минути го искачуваа врвот Пелистер висок 2601 метар. Оваа иницијатива пред 11 година ја започнува нашиот пријател Влатко Крбалески. Покрај него, дел од групата „Олимпус Монс“ се Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска.

„Групата тргна во 12 и 30 часот после полноќ. Се качувавме. Временските услови доста добри, за разлика од претходните години, кога беше тешко, видливоста беше намалена, имаше премногу снег, меѓутоа овој пат беше се како што треба.“, рече Јасмин Биберовиќ, планинар.

„Патувавме околку пет часа, имавме неколку паузи. Групата беше доста прилагодлива, сепак станува збор за искусни планинари. Имавме со нас луѓе од Скопје, Ресен, Прилеп, Гостивар. И стигнавме во 06.30 часот па го дочекавме и првото изгрејсонце.“, вели Биберовиќ.

Планинарите ја продолжија и традицијата воспоставена од планинарот и новинар Петар Стврев, кој оваа година по 30. пат се искачи на врвот и на вработените во пунктот на МТВ им ја честиташе Новата година со шампањ.

„Тие беа доста изненадени, затоа што двајца се на смена и кога ќе видат поголема група на луѓе се среќни, сакаат да разговараат со луѓе. Беа доста изненадени и сакавме да им ја честитаме новата година на поавтентичен начин, направивме пакетчиња, подароци дадовме итн.“, изјави Биберовиќ.

Антена е највисокиот врв на Баба 2600мнв, а трет по височина во земјава. Се смета дека ова е втора височинска точка на Балканот и пошироко каде што постојано има луѓе – вработените во радио-телевизискиот предавателен пункт.

Погледот кон четирите страни на светот е величествен: кон Преспанската Котлина, ако е ведро може да се види и Преспанското Езеро, Пелагониската Котлина, врвовите на Баба Планина и градот Битола, како и во далечина во правец каде што се наѕираат планините во Грција и во Албанија.

Previous Post
Предновогодишна сеча на Водно
Next Post
Куче 13 часа греело повреден планинар со своето тело