Во кинотека на Македонија во рамките на фестивалот „БИОСКОП 300“ ќе се прикаже филмот „4 ГОДИНИ ВО 10 МИНУТИ“ на режисерот Младен Ковачевиќ.
Ретро снимки, и стари кадри од вонвселенски пејзажи и мистични ментални состојби, снимени од првиот Србин кој се искачи на Монт Еверест. При тоа вплетени извадоци од неговиот дневник кој создава експиремнтална креација и медитација од 17 години, до врвот и назад во баналноста на секојдневниот живот.
Филмскиот фестивал „БИОСКОП 300“ е социо-културен проект, чија цел е да создаде мост на разбирање помеѓу заедниците кои живеат во Македонија. Првите документаристи на Балканот доаѓаат од една од помалубројните заедници кај нас – влашката, добро познатите браќа Манаки, кои својот прв филм го снимиле на кинокамера „Биоскоп 300“. Петте проекции кои во два дена ќе бидат емитувани во склопот на овој фестивал ќе делуваат како еден вид на „прозорец“ кон светот на заеднциите. Преку овој „прозорец“ може да се воочат и да се разберат некои од културните аспекти на егзистенцијата на заедниците, што води не само до поголема толеранција, туку и до поголемо вреднување на нивните вештини, обичаи, културни разлики и занаети, посебно во регионот. Фестивалот е финансиран од Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Филмот ќе се прикаже на 14.12.2022 во 21ч.
Целосна програма:
13.12.2022 ВТОРНИК
18:00h.
„МАНГАВА ДИСКО ПАНК“ – МК/ Саша Станишиќ
„Мангава диско панк“ (од ромски превод, „Го сакам диско-панкот“) е единствениот панк-рок бенд во познатото македонско ромско гето „Шутка“. Главниот пејач Елвис неуспешно се обидува да го освои срцето на келнерката од локалниот ресторан, а татко му го исфрлува од дома. Елвис, здивеен од комплетното одбивање од општеството, доживува просветлување во форма на психоделична ноќна мора каде Елвис Присли се појавува како локален такси-возач.
20:00 h
ЏЕМО – БИХ/Лејла Кајиќ
Дејствието на документарецот е за 46-годишниот Џемо, кој живее на село со својата мајка, татко и брат. Секој ден се грижи за десет крави и на тој начин обезбедува егзистенција на целото семејство. Денот на Џемо почнува и завршува со секој ден трчање повеќе од 20 километри.Како момче сонувал да учествува на големи тркачки настани, поради што редовно се пријавува за градски и планински трки. И покрај големиот физички напор што го бара работата на село и тоа што се натпреварува со професионални спортисти, Џемо редовно освојува златни медали.
14.12.2022 – СРЕДА
18:00h
ЌЕИФ – МК/ТР/Блаже Дулев
Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации.Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации. Преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин и други, филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија.Режија: Блаже Дулев
20:00h
ТЕНДА – МК/Ацо Петровски
Филмот зборува за животот на последната македонска номадска етничка група Каракачани. Нивните предци, потомци на Трако-Илирите, предводени од ќајата Папуцороши, уште во 18 век се повлекувале од Грамос, минувајќи ги македонските планини. Се населиле на подножјето на планината Осогово, во селото Врбица, Кочанско. Тие денес можат се видат облечени во црно, во пазарните денови во градовите низ Источна Македонија. Познати се и како: Армани, Каравласи, Каракачани, Цинцари или Власи, како што се наречуваат самите. Напролет, пред да почнат да ги издигаат стадата во планините, ги стрижат овците и изработуваат ракотворби за домашни потреби. Додека се во планините, се занимаваат со преработка на млекото. Живеат наполно номадски живот, селејќи се во потрага по подобри пасишта. Зимскиот период го минуваат во потоплите предели, во долината на реката Вардар. Филмот ги опишува нивните обичаи и носии, а воедно целокупниот начин на живеење.
21:00h
4 ГОДИНИ ВО 10 МИНУТИ – РС/Младен Ковачевиќ
Ретро снимки, и стари кадри од вонвселенски пејзажи и мистични ментални состојби, снимени од првиот Србин кој се искачи на Монт Еверест. При тоа вплетени извадоци од неговиот дневник кој создава експиремнтална креација и медитација од 17 години, до врвот и назад во баналноста на секојдневниот живот.