Второто место ѝ припадна на Македонката Ана Цветановска (76,21 ФИС-поени), Ставре Јада, петтото место и 72 ФИС-поени.
Мавровскиот меморијал, најстариот скијачки меѓународен крос-кантри куп, кој е дел и од Балканскиот куп, годинава во организација на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) во два натпреварувачки дена се одржува во Маврово, со учество на натпреварувачи од Македонија, Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Грција и од Бугарија.
На првиот натпреварувачки ден се одржа трката на 10 км индивидуално, на која настапија вкупно 18 натпреварувачи, од кои двајца се откажаа. Првото место го освои Даниел Пешков од Бугарија и освои 45,30 ФИС-поени, втор е Емре Фират од Турција, со 62,96 ФИС-поени, а трет Тодор Малчов од Бугарија со 65,36 ФИС-поени.
Најдобар македонски натпреварувач беше Ставре Јада, кој го освои петтото место и 72 ФИС-поени. Од другите Македонци 12-ти е Благоја Најденоски, Давид Торевски беше 14-ти и Петар Чанговски 16-ти.
Во женска конкуренција во трката на пет километри индивидуално се пријавија 15 натпреварувачки, а до целта стигнаа 13. Најбрза беше Србинката Ања Илиќ (70,74 ФИС-поени), второто место ѝ припадна на Македонката Ана Цветановска (76,21 ФИС-поени), која задоцни само 6,5 секунди, а трета е Параскева Ладополу од Грција (153,48 ФИС-поени). Од другите Македонки, Матеја Трајковска е 12-та, а Сара Јосимовска 13-та.
Во втората трка, вчера, на истите должини, повторно победија Пешков и Илиќ, Јада беше 10-ти, а Цветановска повторно беше на втората позиција. Настанот се одржува во спомен на 38-те градители на хидросистемот „Маврово“ и 14-те граничари што ги загубија животите во снежната лавина во 1956 година.