Mikaela Shiffrin го пропушта стартот во Sölden

Вести

Shiffrin го пропушта стартот од сезоната на Светскиот Куп за прв пат од 2011г, наредната недела во Sölden, Austria, заради повреда на грбот.

“Откако го повредив грбот на ски тренинг, бев советувана да го одморам Sölden за да си дозволам залекување на грбот и да можам да го скијам остатокот од сезоната,” беше постирано на инстаграм профилот на скијачката. “

Започнувајќи во Sölden последните осум години за ред….сега ми е навистина фрустрирачко и чудно за мене. За моја среќа, повредата ќе пројде и ќе се вратам набрзо.”

Shiffrin планира да се врати во САД за одмор и опоравување, а дополнително ќе објави датум на враќање во игра.

Следното натпреварување за жени е во паралелен велеслалом на 13ти ноември. Shiffrin, двократна Олимписка шампионка и трикратна победничка на Светскиот Куп, последно се натпреваруваше на 26ти Јануари.  Таа го пропушти остатокот од скратената сезона 2019-20 по смртта на нејзиниот татко. Иако допатува во Шведска за последните трки од сезоната, сепак тие беа откажани заради Корона вирусот.

Shiffrin се искачи на подиумот во Sölden на 5 од последните 6 сезони. Но друг важен кандидат ќе биде присутен на отворањето и трката во Sölden на 17ти Октомври, а тоа е италијанката Federica Brignone, освојувачот на титулата минатата сезона.

 

Претходен написи
Што му се спрема на планинарскиот дом на врвот на Водно
Следен напис
Sölden со позитивна снежна контрола