На денешен ден пред 5 години за Стоилко Стоицев започна, како вели тој, вториот живот – планинарењето. Со една тура на која се пријави без некакви посебни амбиции, започна неговото планинарско патешествие. 5 години подоцна, него често можете да го видите на ТВ екраните, каде зборува за своите подвизи, а и да прочитате некоја нова вест за неговите успеси, како на пример веста дека: „Стоилко Стоицев е добитник на наградата ФЕНИКС за постигнувања во областа на планинарењето во 2017 година што го доделува Општина Центар“. Или пак: „Стоилко Стоицев е првиот планинар од нашата земја кој и покрај својот хендикеп (90% оштетување на видот) го искачи највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва“.
И да, токму така, подвизите на овој човек претставуваат уште поголем успех доколку знаеме дека се работи за човек со општетен вид. А има искачено многу врвови низ светот, кои со своите опасности претставуваат предизвик и за најискусните планинари! Неверојатен подвиг за овој човек кој попреченоста не го спречи да го оствари сонот.
„Се почна на денешен ден 17.10.2015 год. Пред 5 години, мојот втор живот. Од тогаш искачени над 250 врва над 2000м од кои:
– Breithorn 4165m, 2016
– Mont Blanc 4810m, 2016
– Grossglockner 3798m, 2017
– Punta Penia 3343m, 2017
– Grant Paradiso 4061m, 2017
– Piket11 3340m, 2018
– Elbrus 5642m, 2018
– Mt. Bonete 5100m, 2019
– Aconkagua 6962m, 2019
– Ararat 5137m, 2020
Истрчани преку 30 трки, планински трки, полу маратони и маратони:
– Titov Vrv SkyRace 20 km x2 pati
– Krali Marko Trail 34 km x3 pati
– Vodno Matka Trail 26 km x3 pati
– Ohridski maraton 30 km x4 pati
– Trčame kon celta 21 km x4 pati
– Skopski polumaraton 21 km x4 pati
– Dubrovnik 21 km, Beograd 21 km, Valencia 21km, Sofija 21km.
Горд и поносен сум што сето оваа го постигнав како лице со хендикеп (оштетен вид) и без никаква подршка.