Проект 5000 метри за 5000 луѓе со Т1Д

Вести

По повод 14-ти Ноември – светскиот ден на дијабетесот, Бојан Киров, лице со дијабет тип 1,  се обиде 5 пати да го искачи врвот на планината Водно (1060 м.н.в.), со што  им посвети по 1 метар на секое дете и возрасен со тип 1 дијабетес – 5000 лица во Македонија.

„Јас сум лице со дијабетес тип 1. Со оваа состојба живеам целиот мој живот. 14-ти Ноември е светски ден на дијабетесот,  го искачив Водно 5 пати, почнувајќи од фонтаната кај полициската станица до врв до планонарскиот дом Даре Џамбаз. 5-те искачувања симболично би значеле 5000 метри искачување, колку што има луѓе во нашава држава со дијабетес тип 1“ –  вели Бојан Киров.

Цел на обој негов проект се подигање на свеста за дијабетесот во нашата држава, запознавање со дијабетесот и со оние кои живеат со него, разбивање на стигмата за дијабетесот, но и начинот и стилот на здрав чивот – движењето и планинарењето како превенција од дијабетесот.


„Сакам за секој еден дијабетичар да му посветам по 1 метар искачување, со што ќе испратиме сите заедно една убава и хумана порака дека физичката активност и планинарењето се одлична превенција за сите луѓе со дијабетес и дека оваа состојба не е пречка да се постигнуваат било какви физички успеси. Убава можност да го промовираме планинарењето и да им дадеме поттик на сите дијабетичари во Македонија (40.000 вкупно) да бидат физички активни и да го следат мојот пример“.

Во овој проект асистираа Д-р Катерина Адамова – специјалист ендокринолог, Д-р Александар Манолев – специјалист интернист, кој воедно е и претседател и на Планинарско Друштво Скопска Црна Гора, кој го прати тренажниот процес и има целосен увид на неговата физичка и ментална подготвеност, има контрола на тоа која храна како се одразува на шеќерот и кој го придружува на последните 2 искачувања; Д-р Елена Манолева Николовска – специајлист педијатар, составен дел од медицинската екипа пред Даре Џамбаз.

Бојан Киров – Џими (45 години) pо професија е oвластен сметководител и управител на приватна компанија. Дијагнозата за дијабетес тип 1 ја добил на 06.01.1978, кога имал само 2 години. Од најрана возраст, следењето на гликемиските вредности и броењето калории стануваат негово секојдневие. Од 2005 година активно планинари и се занимава со планински велосипедизам. Досега ги има искачен сите повисоки врвови во нашата држава, како и повеќето врвови во соседните држави: Бугарија, Грција, Црна Гора. Движењето низ планина делува одлично на неговото здравје, особено на добрата регулација на шеќерот во крвта.

Претходен написи
Владата упорна во продажбата на Попова Шапка може ли поинаку?
Следен напис
Арктичките научници шокирни од затоплувањето