Викендов на програмата се конечно брзите дисциплини со женскиот SUPER-G во St.Moritz, но без една од фаворитките.
Натпреварот од Светскиот Куп во за алпско скијање во St. Moritz ќе се одржи без публика на трибините на целната рамнина на патеката Engadin, а трката може бесплатно да ја следат посетителите слободно долж патеката доколку држат дистанца и се придржуваат до правилата за безбедност на Federal Office of Public Health (BAG) на Швајцарија.
Сабота, 5ти Декември и Недела, 6ти Декември со почеток во 11,30 часот се Super-G трките во женска конкуренција.
Mikaela Shiffrin го пропушта овој настан од Светкиот Куп. 25годишната Американка, ги пропушти тренинзите за брзите дисциплини претходно и наместо Super-G трката се подготвува за двете трки во веле слалом кои се на распоред на Светскиот Куп на 12-13ти Декември во Франција.
Shiffrin не се подготвувала за брзите дисциплини односно спустот и Super-G уште од Јануари.