Петнаесет планинари од Струмица и Валандово шеснаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.
Маршутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. Заради пандемијата од COVID-19 планинарите ќе пешачат до село Дедино, Радовишко, а на 26 овој месец ќе поминат уште една етапа во Скопје до гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје, каде ќе се приклучат на одбележувањето на 17 годишнината од смртта.
– И годинава ја продолжуваме традицијата и се надевам дека секоја година ќе го одrжуваме овој традиционален марш за идните генерации да се сеќаваат на Борис Трајковски, човек кој имаше големо срце и многу ја сакаше Македонија, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.
Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а на почетокот на маршот присутвуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Освен до Скопје, триесет планинари од Струмица и Валандово денес пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот Ботра кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.