Проектот на Столе остана без никаква поддршка

Вести

Во петокот минатата недела Соилко Соицев – Столе го искачи врвот Уххуру (5895m) на Килиманџаро како највисок врв на Африканскиот континент. Toa е неговиот трет врв (по Елбрус и Аконкагва) од предизвикот „7 врва“ на сите континенти, а по искачувањето порача „The dream continues“, што значи дека овој негов проект продолжува и со останатите четири.

Денес, видно разочаран од институциите и состојбата на планинарењето кај нас, тој на својот профил порача:

Горд и поносен сум дека овие 3 врва ги искачив како лице со хендикеп и без никаква финансиска подршка:

Од државни иституци – 0,00 ден.

Од приватни субјекти – 0,00 ден.

Од ФПСМ – 0,00 ден.

Од Агенција за млади и спорт – 0,00 ден.

Општина Центар – 0,00 ден.

Од мојот матичен планинарски клуб – 0,00 ден.

Само за Аконкагва скромна подршка од Прима Оптикс.

Некој пат да се запраша човек вреди ли да продолжи сам да се бори?

Претходен написи
Десет клубови бараат од Агенција за млади и спорт присуство и надзор на Собранието на Скијачата федерација за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство
Следен напис
Усвоен Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје