Владата сака да ја одвои Попова Шапка од ЕСМ

Вести

Чисто да знае јавноста колку Владата и нејзините институции, дрважни компании, агенции, федерации се загрижени за развој на ски центрите и скијањето зборува и ОДНОСОТ што го имаат истите кон Ски-Македонија како единствена авторитетна организација посветена на скијањето која се труди нешто да направи за јавен интерес со 100 марки собрани од овде онде.

Десетици години наназад Владата разгледува и усвојува решенија, мастер планови и анализи за Ски центарот Попова Шапка, додека во реалност планината се распаѓа. Најважното што треба да одлучите е дека треба да спремите сериозен менаџмент кој ќе го оперира центарот, второ инвестициски активности мора да има, и тоа без компромис, без штедење. Нема што да се размислува на рамнотежа во еко-системот ако сакате да правите функционален и рентабилен ски центар.

Владата на 51 седница ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Северна Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, било констатирано дека главна цел за покревање на иницијативата е сите засегнати страни да ги разгледаат можностите, со цел да креираат модерен, високо квалитетен скијачки центар, што ќе биде од национално и меѓународно значење и максимална грижа за постигнување рамнотежа помеѓу природните еко-системи и природните убавини на Шар Планина.

Претходен написи
Непалските комплицирани правила за искачување на Еверест
Следен напис
Монт Еверест повторно ќе се отвори за првите алпинисти по пандемијата