Нема ништо интересно да се каже кога ќе стасате во омилениот ски центар, седнете на лифт и со малку напор за неколку минути се пуштате од врвот на планината, надоле. Можеби приметувате во последно време скијачи одат на потешката варијанта, со скии по угорнина, до врвот, си ја заработуваат својата линија. Ваквата активност, популарно наречена турно скијање (ски-планинарство) каде со користење на специјализирана ски опрема со цел полесно искачување и скијање, добива се поголема популарност низ Европа и во Македонија.
После долгите часови искачување, стигнувате до заслужените 15-20 минути скијање по планината што некому можеби ќе изгледа бесмислено. Но, сепак тие што го практикуваат ова го гледаат како исклучителна, благородна активност, алтернатива на вежбање во теретана, возење точак, трчање, еден вид, супер кардио.
Иако се повеќе добива признание од спортската заедница, сепак турното скијањето не е ништо ново. Векови пред да се измисли ски лифтот ова била единствена можност да се пуштите и да движите низ снежни предели, како што правеле ловците и траперите следејќи стада од бизони и муфлони, ирваси со кожинки на пра-скиите. Стотици години номадските племиња во студените региони на светот користеле кожинки од фока кои ги прикачувале на скиите за да патуваат. Кога скијањето стана популарна активност крајот на 19ти век и прва половина на 20ти век, за сето време преовладувало турно скијањето.
Сегашната ренесанса е заради потребата од зголемена физичка активност, развој на alpine touring (AT) опремата, како и желбата за бегство од гужвите и буката низ ски центрите, а секако и заштеда од високите цени на ски картите. За време на оваа сезона, неизвезностите со КОВИД, капацитетот на ски лифтовите, долгите редици и желбата да се одржи социјална дистанца, многу скијачи ги инспирираше да си го “заслужат своето скијање.”
Некои компании за традиционална ски и борд опрема, почнаа да се занимаваат со производство на специјализирана турно опрема.
“Не само што опремата е далеку подобрена последнава декада, гледаме голем број етаблирани и нови компании на растечкиот пазар за backcountry опрема.
Се поголемиот интерес за турно скијање за време на [COVID-19] и во системот на резервации.
Овој тренд навистина се развива и расте последниве пет години од една малубројна публика и мал број ски терени и планини, на речиси сите скијалишта кои веќе нудат и патеки односно траса за турно искачкување.
Низ Северна Америка и Европа има различна политика за backcountry скијањето, некои центри им дозволуваат на посетителите да качуваат по посебни рути нагоре по планината, а други како Vail Resorts oвозможуваат искачување и скијање само надвор од работното време на центарот. Повеќе ски центри веќе и продаваат карта, која оди во распон од $10 до $150, зависно од тоа дали е дневна или сезонска, но далеку под цена на дневната ски лифт карта. Во Маврово не те пуштаат, забрането е да искачуваш нагоре по крајот на патеката, во Франција низ големите популарни ски центри слободно можеш да искачуваш нагоре по ски патеката и да продолжиш понатаму низ планината во дивина.
Во САД интересот за турно скијање доведе до отворање на првиот ски центар без ски лифтови, Bluebird Backcountry ski resort кој е отворен сезонава 2020/ 2021.
Многу скијачи набавуваат таква опрема и AT set-up за да имаат пристап на теренот надвор од патеките односно backcountry зоната, подалеку од ски лифтовите и од било каква цивилизација.
Но со овој тип на скијање доаѓаат и цел нов сет на опасности кои бараат понапредни вештини. Во backcountry зоната, нема ски патрола да ве спаси при незгода, нема обработени и безбедни патеки маркирани со нивото на тежина и опасност, ниту терен обезбеден од евентуална лавина.
“Ски планинарството претставува понапорно притискање на границите, постојано го имаш чувството дека си дел од планината. Дел од заедницата на планинари и скијачи, дел од она што е наша култура на живеење.” Христијан skimacedonia