Деновиве се пробива патот кон село Галичник. Една од најкомплексните делници, локацијата кај Царевец, вчера беше пробиена, а снежните навеви достигнуваат висина и над 4 метри. На атрактивниот снежен тунел ќе може да му се восхитувате попатно кон Галичник, кој за Велигден ќе биде ослободен од снежната опсада.