Скопје е најзагаден град во светот, Тетово му дише во врат, во дворот на фабриката Охис се наоѓа депонија на една од најопасните и најканцерогени материи линданот… И тоа не е се. Во подножјетно на нашиот најнов национален парк Шара се наоѓа една од двете најопасни еко точки која Македонија ја става на мапата на високо ризични држави каде има опасност по здравјето и животот на граѓаните. Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата на Југохром е сериозна опасност за изворот во Рашче преку кој со вода за пиење се снабдуваат над една третина а од македонските граѓани. Но државата иако добро информирана за можните последици по здравјето на граѓаните е заглавена во потрагата по решение. И покрај сериозниот потенцијал оваа држава со своите 200х200 км. да биде зелена еко и аутдор оаза, политиката во спрега со олигархијата, со цел лична корист, очигледно не го дозволува тоа. Оваа држава нема оправање додека не ги преземеме работите во свои раце.
Канцерогениот шестовалентен хром го загадува подножјето на Шара
Претходен написи
Ставре Јада на припреми за Ново Место и Пекинг
Следен напис
Најтешкиот настан за качување што некогаш сте го виделе