Почитувани фанови , љубители на зимското уживање и скијање, после “малата” пауза супер е што повторно се враќаме на џенталенските ски патеки на француските алпи. Сезонава како што оние редовните веќе знаат одиме на три локации во три јануарски термини.
Скијањето започнува со божиќната тура во добро познатиот Val Thorens со период на поаѓање на 7ми јануари 2022 година, па следуваат живописните дестинации францускиот центар Saint Gervais Mont Blanc со термин 21 јануари 2022 година, одлично скијање и спектакуларни погледи на Мон Блан ,највисоката планина во Западна Европа, апсолутен скапоцен камен на термални бањи и Châtel со термин 28 јануари 2022 година, шармантна селска населба близу француско-швајцарската граница, Женевско езеро и големиот Монт Блан. Дел од најголемата група ски центри здружени под едно, Portes du Soleil или “Порти на Сонцето”. На располагање се колосални димензии од 650 км ски патеки меѓусебно поврзани со 200 ски лифтови низ 12 мали гратчиња, селски населби и ски зони во Франција и Швајцарија.
Цената на ски турата вклучува проверено апартманско сместување, превоз, ски карта за целиот период и водичи со долгогодишно искуство и познавање на областа и терените кои ви стојат на располагање за асистенција од прва рака и секако друштво за безбедно скијање.
- Val Thorens, 07 до 16 јануари 2022 год. со цени од 479 евра
- Saint Gervais Mont Blanc 21 до 30 јануари 2022 година со цени од 439 евра
- Châtel – Portes du Soleil 28 јануари до 6 февруари 2022 год. со цени од 429 евра
Лице за контакт и резервации Јасмин 070 265 667 Нехар Травел, асистенција Христијан 078 309 807 (skimacedonia)