Попова Шапка отвара со два дена бесплатно скијање

Вести

Шара малку порано од предвиденото е преполна со снег кој достигнува и до 100 см на ски терените посебно оние над 2000 метри.

Моменталната температура е -5°C , а за утре се очекува сончево време и најавено работење на сите лифтови.

Со бесплатно скијање ски центарот Попова Шапка ги стартува лифтовите на 15-16 декември. Ќе бидат оперативни сите лифтови и патеки. Воведен е зголемен ред и дигитална контрола на ски карти, нови билетари, барови и пропратна инфраструктура.

Центарот доби два нови објекти бачила едното кај лифтот Тетекс, другото на лифтот ГЕ ,нови тоалети , реновирани билетари , зголемена површина под рефлектори за ноќно скијање , осветлувањеод Аеродром до двосед Церипашина, поправени се оштетените столбови на двосед Церипашина, оптичка мрежа до сите лифтови за подобро читања на ски карти, обезбеден посебен простор за пешаци, нови пристапни скали, реквизити и макети за забава.

Најавена е и обнова на лифтот Ајдучка рамнина 2 или Ге 2 кој подолго време не работеше.

Директорот Адем Авзиу со зголемен ентузијазам околу сите новопревземени активности и негово постојано присуство на терен директно во ски центарот , најави и поголема контрола на системот за наплата на карти и дека големиот број на вип издадени ски карти се веќе минато.

Попова Шапка мора да остварува соодветен приход и да се развива големиот потенцијал на центарот.

Претходен написи
Скијање Франција 2022, кратко инфо за трите дестинации
Следен напис
Како да се искачите на Монт Еверест?