Новиот градоначалник пост-изборно најави решавање на деценискиот проблем со сообраќајот и пристапните патишта кон ски центарот Попова Шапка.
Касами објави дека e загрижен поради сообраќајниот хаос кон и на Попова Шапка, особено за време на викендите, немањето паркинзи, и дека заедно со својот тим, ќе се заложи да ги превземе сите дејствија во рамките на институцијата за решавање на овој проблем.
За таа цел, градоначалникот Касами ги повика на соработка институциите на централната власт, граѓанскиот сектор и другите за правилно изготвување на деталниот урбанистички план.Исто така како дел од планот за 2022 година е предвиден и изградба на една катна паркиг гаража на Попова Шапка со што би се обезбедиле над 900 паркинг места.
“Попова Шапка заслужува подобра грижа. Заедно ќе го вратиме исчезнатиот сјај на Попова Шапка!” изјави Касами.
Според анализите изградбата на гондолата би чинело околу 20 милиони евра. Но, оваа значајна регионална инвестиција ќе го зголеми дотокот на свежи пари и потрошувачка во рамките на ски центарот во текот на целата година. Ќе ја намали потребата за сообраќај од и кон Попова Шапка, ќе го намали загадувањето, зависност од постојано чист пат во зимскиот период. Гондолата со зголемениот брз и лесен пристап до центарот ќе придонесе дополнително отварање на работни места во туристичкиот и угостителскиот сектор, нови сервиси и активности како што се возење планински велосипеди по организирани даунхил патеки од висока категорија од ски центарот до Тетово.
Ваков тип на вертикален транспорт во понатамошните фази може да овозможи ски центарот Попова Шапка да биде car-free еко ски центар во кој ќе биде забранет пристап со возила освен сервисен транспорт и за сопственици на викендици. Со таков имиџ центарот би бил единствен во регионот, а рамо до рамо со неколку водечки европски алпски центри каде е забранет пристапот со моторни возила.