Шведски туристи во еуфорија, тотално откачија презадоволни и полни адреналин од скијањето и пееја во чест на нашиот тим лидер за водење на екстремните скијачки тури со ратраци на Шар Планина, Милорад Саздовски – Мики . Швеѓаните пееја песни со неговото име. Ова е само дел од доживувањата кои ги искусуваат бројни странски туристи и можеби најголемата реклама која можеме да ја дадеме на светот за квалитетот на македонските планини и скијање, овозможено од навистина ретки и уникатни висококвалитени скијачки водичи кои создаваат искуство и доживувања со највисоки оценки.
#skimacedonia продолжува да дава силен импут во туристичкиот систем со градење уникатно задоволство и супер слика за Македонија како уникатна ски дестинација. Екстремното скијање со ратраци кое се нуди во Македонија е првата операција воопшто во Европа уште од 2008 година под водство на Ескимо Фрирајд. Досега благодарение на овој оператор, Македонија е на мапата кај голем број реномирани ѕвезди и компании од светот на скијањето, сноубордот како и бројни туристи од Европа, Јапонија, Северна Америка.
видео материјал #skimacedonia