13км низ убавините на Селечка планина: Планинарски марш во организација на ПСД “Момата” од Прилеп

Вести

ПСД „МОМАТА„ организира планинарски марш на Селечка планина во должина од 13км. Маршот ќе се одржи на 22.05.2022 година. Стартот ќе биде од манастирот Св. Димитрија с. Селце во 07 часот.

Патека на движење e следна: манастир, Домаќинско чешмуре, Рикина чешма, (мала пауза од 10 минути со групно фотографирање), карпа МОМАТА, Желката, Поизохипса, покрај Казанташ, Попова нива, (пауза од 30 минути), срт Ливада и завршуваме на крајната точка за искачување Устрелец, (пауза од 15 минути), спуштање кон манастир Св. Димитрија с. Селце.

Секој добронамерник и вљубеник во природата е добредојден.

Претходен написи
Пролетни состаноци на УИАА и годишни собранија на ЕУМА и БМУ во Скопје
Следен напис
Outdoor festival „Сакам промаја“ 2022 Демир Капија