Спортскиот клуб “Клисура” од Демир Капија ви го најавува седмото продолжение на фестивалот за спортови во природа OUTDOOR festival “САКАМ ПРОМАЈА” 2022.
Со пауза од две години поради пандемијата повторно ги покануваме за соработка и учество сите спортски федерации и клубови на планинари, велосипедисти, качувачи, параглајдеристи, извидници, спелеолози, еко-активисти и сите љубители на кампинг и почитувачи на природата и добра дружба.
Одржувањето на сите спортско-рекреативни и други активности во склоп на фестивалот ќе се случуваат во прекрасната и раскошна природа на територијата на општина Демир Капија.
Со рекреативното спортување во природа и ширењето на позитивни вибрации, наша цел е да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите во поглед на толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн.
Outdoor festival ‘САКАМ ПРОМАЈА’ Демир Капија 2022
ПРОГРАМА
21.05.22 – Саботa
09:00 – Отварање на фестивалот со традиционален прелет на фестивалското знаме со параглајдер
09:00 – 12:00 Детска Програма,( Крос Трки, Мал фудбал, Забавни игри) ООУ Димче Ангелов Габерот Д.Капија
12:00 – 13:00 Прва помош Презентација – Црвен Крст Неготино
13:00 – 14:00 Извидничка Работилница – Royal Rangers Македонија
14:00 – 15:00 Еко Работилница – Здружение Ековита Неготино
15:30–17:00 Презентации (Велосипедизам и планинарење)
17:00-18:00 Јога, Чи Гонг – Blue Lotus Skopje
18:00 – 00:30 Забавна програма, слободни активности
22.05.22 – Недела
07 30 Утринска Јога, Чи Гонг – Blue Lotus – Скопје
09:00 Голема вело тура: Д.Капија – Калањево – Челевец -Д.Капија, 58 Км
09:30 Планинарска Рекреативна Тура Д.Капија– Драчевица, 6 часа
10:00 Спелео акција – Посета на пештерата Бела Вода – Спелеолошка федерација на Македонија
10:30 Мала велосипедска тура Д. Капија –Драчевица, 23 км
12:00- 16:00 Спортско Качување за почетници – СК Kлуб ‘Карпи за Сите’’Д.Капија
17:00 Доделување Признанија и благодарници и затворање на фестивалот.
Дополнителни информации ќе бидат обајавени наскоро.
Регистрација и пријавување за учество на настанот на Фан страната: https://www.facebook.com/scklisura
Контакт и пријавување за настанот: Facebook ‘scklisura’ или instagram ‘sportclubklisura’
Е-пошта: Skklisura@hotmail.com