Францускиот ски центар Les2Alpes планира да стави во функција неколку ски лифтови на својот глечер од следниот викенд, сабота на 28-ми мај. Ова е прв пат Les2Alpes да отвори толку рано за летно скијање и сноуборд.
Les2Alpes, во регионот Isere на јужните француски Алпи, го има најголемиот глечер за скијање во Европа.
Компанијата за лифтови, SATA, изведува некои работи во паркот за снег, кој привлекува аматери, како и професионални возачи во текот на летните месеци. Изграден е бордеркрос за летни тренинзи на професионалци, помал бордеркрос за аматери и семејства, заедно со снежниот парк.
Оваа област покрај за скијачи е достапна и за пешаци, рекреативци. Les2Alpes ќе биде единствениот глечер во функција во Франција кој ќе работи до 15ти август.
На друго место низ Европа, на располагање се Hintertux во Тирол, Австрија и Zermatt и Saas-Fee Швајцарија, отворени цела година . Во моментов се уште се нуди скијање на глечерите во Kaunterall и Kitzsteinhorn во Австрија.