Советот на Општина Битола на вчерашната седница донесе одлука за финансиска помош за обнова на планинарскиот дом „Копанки“ во висина од 3.800.000 денари или околу 64.000 евра.
Претседателката на Советот на Општина Битола и член на Поинаку , Габриела Илиевска на нејзиниот фејсбук профил напиша дека одлуката е донесена со 16 гласа ЗА.
„ИМ ЧЕСТИТАМ НА БИТОЛЧАНИ, СО 16 ГЛАСА ЗА СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОБНОВА НА КОПАНКИ! ДЕНЕС СЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА ЗА БИТОЛА И КОПАНКИ, СЕКОЈ БИРА НА КОЈА СТРАНА ОД ИСТОРИЈАТА ЌЕ БИДИ! КОПАНКИ ЗА СИТЕ“.
Инаку ПСК „Пелистер“ изврши промена на нивниот статут која е заведена во Централен Регистар дека во случај на престанок на Здружението целиот нивни имот ќе припадне на Општина Битола.
Оштар во неговиот говор кон сите кои беа воздржани или против беше советникот од Поинаку, Иван Чулакоски кој посочи дека : „Политика не се само партиски вработувања, функции и тендери. Политика е на политички начин да стигниш до она што го барат граѓаните…“