Граѓаните на Скопје се почесто забележуваат диви свињи и лисици како се симнуваат во урбанизираниот дел на подножјето на Водно. На Јутјуб се појавија снимки на кои се гледа како диви животни ја поминуваат улицата и бараат храна. Во моментот кога животните се осветлени од возила се тргаат настрана од коловозот и се повлекуваат во шумата.
Планинарите на Водно велат дека природната животна средина на дивите свињи е стеснета од прогресивната урбанизација во овој дел на Скопје, па тие се спуштаат надолу. И ние лично се имаме уверено во овие тврдења, сретнувајќи се на Водно со диви свињи преку десетина пати.