Ќе го завршиме декември со фактот дека повеќе снег на планините имавме во ноември. Пред нас е уште еден сончев викенд, нормално пред се на планините, бидејќи низ котлините и понатаму ќе има услови за појава на ниска облачност, Но со помала зачестеност од минатите два викенди.
Во принцип викендов повторно ви требаат крема за сончање и куси ракави за движење во планина.
САБОТА:
Ведро време со одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2500 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 6°С.
Ветер на 1500м: Слаб северен.
Ветер над 2000м: Слаб северен.
НЕДЕЛА:
Ведро време со одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 3400
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 7°С
Ветер на 1500м: Слаб јужен.
Ветер над 2000м: Слаб северен
ПОНЕДЕЛНИК:
Ведро време со одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 3400
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 8°С
Ветер на 1500м: Слаб јужен.
Ветер над 2000м: Слаб северен
Засега, се поизвесно е дека без снег остануваме барем до крајот на првата декада од јануари 2023та.
Глигор Митковски – Метеопро