Попова Шапка и Маврово забелеа, засега недоволно за ски активности

Вести

По најавите за врнежи од дожд и снег, од утрово нашите ски центри Попова Шапка и Маврово најпосле натрупани со снег.

Изминатата ноќ снег паѓаше на највисоките места во земјава, што поттикна многу љубители на снегот да објават и фотографии од најновата зимска идила во земјава. Како што е објавено на Фејсбук страната „Kodra e Diellite – Tetove“ Попова Шапка утринава се разбуди во снежна идила. Конечно наврна долгоочекуваниот снег, а ски центарот е во своето препознатливо издание. Фотографии од состојбата на Попова Шапка утринава објави и „Конак Попова Шапка“.

Како што може да се забележи и на нашите камери во живо, снег во овие моменти има само на овие две места, додека за жал снег нема во Крушево, Нижо Поле, ниту Копанки во Битола. Слаб снег има во Пониква, а УХМР најавува нови врнежи во текот на следните неколку дена.

Претходен написи
Дознајте кој е најголемиот планински масив во Македонија
Следен напис
Планинска фотографија на годината 2022 година