Во кратки црти, времето во текот на претстојниот викенд ќе биде претежно ведро и топло. Но, оние кои подобро ја разбираат лавинологијата, од оваа информација може да имаат дополнителни заклучоци во однос на потенцијалот за појава лавини. Им ги оставаме тие заклучоци ним, нашите компетенции не ни дозволуваат да чепкаме во тоа поле. Засега.
САБОТА:
Наутро висока облачност, но во поголем дел од денот ведро. Видливоста ќе биде одлична.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад : 2600 метри.
Исток: 2400 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 6°С.
Исток: Околу 4°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб до умерен северозапад
Исток: Слаб до умерен северозапад
Ветер над 2000м:
Запад: Слаб до умерен северозапад
Исток: Умерен северозапад
НЕДЕЛА:
Претежно ведро. Одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад: 3100 метри.
Исток: 3000 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 7°С.
Исток: Околу 7°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Умерен југозапад
Исток: Умерен југозапад
Ветер над 2000м: Умерен до засилен запад.
Метеорологија: Глигор Митковски