Викенд планинска прогноза 4 и 5 март 2023

Вести

Скијачки центри кои работат се Попова Шапка, Маврово, Пониква

Вестите кои што се однесуваат на времето викендов воопшто не се добри во однос на траењето на ски сезоната низ нашите центри. Па дури ни за движење в планина нема да имаме „посебно добри“ услови.
САБОТА:
 

Сабота ќе помине во знакот на облачно време, проследено со врнежи. Наутро се очекуваат поинтензивни врнежи во јужниот, особено југозападниот крај. Претпладне врнежите ќе се преместуваат кон североисток, а истовремено ќе им се намалува интензитетот. Попладне во глобала врнежите ќе престанат, со исклучок на регионот околу Осогово и делумно околу Галичица, Јабланица и Баба. Но, врнежите попладне ќе бидат особено слаби.
Висината на границата на врнежи од снег ќе биде околу 1200 метри.

Видливоста ќе биде особено лоша наутро на планините во јужниот регион. Северниот дел на западна трансферзала наутро ќе има делумно лоша видливост. Пoпладне видливоста ќе виде генерално добра, нормално со исклучок на регионите каде се очекува да продолжат врнежите, каде ќе има умерено лоша видливост.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  1300 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  
Запад: Околу -1°С.
Исток:  Околу -1°С.

Ветер на 1500м:

Запад: Умерен до засилен југ-југоисток

Исток:  Умерен до засилен југ-југоисток

Ветер над 2000м:  

Запад: Силен запад (удари на ветер 50-60 km/h)

Исток:  Засилен запад (удари на ветер 40-50 km/h)

НЕДЕЛА: 

Недела ни пружа релативно подобро време. Претежно облачно ќе биде долж западна трансферзала, со мала шанса да провее слаб снег, особено во јужниот нејзин крај.
Видливоста ќе биде претежно добра. Мал развој на орографска облачност ќе има од доцна претпладне, со што ќе има услови дел од врвовите над 2000 метри да бидат во облаци и со тоа да има делумно влошена видливост.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  
Запад: 1500 метри.
Исток: 1500 метри

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  
Запад: Околу 0°С.
Исток:  Околу 0°С.

Ветер на 1500м:

Запад: Слаб до умерен север

Исток: Слаб до умерен север

Ветер над 2000м:

Запад: умерен север

Исток: умерен север

Претходен написи
Смртоносна сезона на највисоката планина во Јужна Америка
Следен напис
Осмомартовска планинарска акција низ Бислимска клисура