Скијањето доби нова кралица незапирливата Shiffrin се одјави со 88 победи 138 подиуми!

Вести

Спортот доби нова кралица: незапирливата Mikaela Shiffrin се одјави со стил во својата рекордна сезона од Светскиот Куп во Алпско скијање со 88 победи со 138 подиума!

Mikaela Shiffrin е тема на сите најавни шпици за женското скијање во 2023г… со 28 години со својата рекордна победа во Are, Шведска овој месец кога го сруши Светскиот рекорд во Алпско скијање.

Својата доминација во спортот сезонава на финалето во Soldeu викендов ја круниса со победа во веле слалом и 88ма победа во кариерата… Најпрво со две победи едно по друго во Шведска го престигна и надмина рекордот на легендата Ingemar Stenmark со 86 први места на Светскиот Куп (рекорд кој датира уште од 1982г).

Популарната 28 годишна Американка со прво место во веле слалом на затворање на завесата на сезона 2022-23 дојде до петиот кристален глобус во нејзината кариера. Marcel Hirscher (8), Annemarie Moser-Pröll (6) и Marc Girardelli (5) се единствените други скијачи кои имаат барем по 5 кристални глобуси во кариерата.

Освен кристален глобус во велеслаломи и својот петти кристален глобус во генерален пласман стигна и до најмногу поени за неа во една сезона – 2206 а постави рекорд и со најмногу подиуми за жена на Светскиот Куп и тоа 138 подиуми севкупно.

Shiffrin ја доминираше сезоната во која на многу други скијачки им се дозна името а кои ќе ја прогонуваат Американката во наредната сезона…а тоа се Michelle Gisin од Швајцарија која настапи на секоја трка од Светскиот Куп сезонава, Ragnhild Mowinckel од Норвешка, Marta Bassino од Италија а тука е секогаш и Lara Gut од Швајцарија и Stephanie Venier од Австрија.

Во последниот велеслалом Worley Tesa од Франција го имаше својот последен настап на Светскиот Куп на 33г.Worley ја заврши кариерата со 36 подиуми на 225 настапи од Светскиот Куп.

Оваа неверојатна сезона за Shiffrin завршува со титула во веле слалом и слалом што значи 10 титули во поединечни дисциплини во кариерата.

На Shiffrin и приредија едно изненадување после трката кога нејзиниот партнер и колега скијач Aleksander Aamodt Kilde (Норвешка), настапи како новинар – репортер на интервју со победничката.

Видно возбудената и помалку срамежлива скијачка изјави : “Ќе се одморам на плажа неколку дена и потоа пак во Европа на некои ски тестови а потоа малку подолга пауза,” изјави таа. “Ќе се вратиме во Европа пак за почеток на наредната сезона дур да трепнеш. Навистина сум возбудена да се вратам и повторам истото наредната сезона, а ќе ти ги кажам после за деталите на само”… низ смеа го заврши интервјуто со Kilde.

Хајлајт на интервјуто беше дека Американската ѕвезда не планира да запре ниту пак да прави некоја грандиозна прослава. За Shiffrin секогаш има простор за уште достигнувања, и најлудата работа од рекордот е помислата што не е ни блиску од крајот на победите.

Претходен написи
Воведена забрана на употреба на ратраци за шетање туристи низ Шар Планина
Следен напис
Тура по повод 15 години Македон