Даутица 2023 Outdoor Festival

Вести

На 03-04 Јуни 2023 (сабота и недела) Еколошката Групација Грин Пауер со своите пријатели, го организираат седмиот Outdoor Festival, Даутица 2023. Фестивалот опфаќа планинарење, велосипедузам и се соединуваат сите овие активности во еден заеднички настан.

ДЕТАЛИ за НАСТАНОТ:

ПОЧЕТОК/СТАРТ НА ПЛАНИНАРЕЊЕ:

– 04 ЈУНИ(недела) во 9:15 часот од дворот на планинарскиот дом Папрадиште (1000 м.н.в.). Опфаќа искачување на врвот Даутица(2178мнв) м.н.в. Патеката е средно тешка, маркирана по цела должина, долга 16 км во обата правци, четири и пол часови одење до врв и вкупно движење во група околу 7.5 до 8 часови во двата правци. Вода има на две места по должината на патеката. Последниот извор е на два часови пред врв. Исхрана од ранец. Обезбедени се планинарски водичи. Од врвот Даутица се простира невозможно убаво поглед кон сите четири страни на светот

– Вештачко езеро Козјак со природен резерват Јасен, Солунска Глава, Караџица, Поречие и Македонски Брод, Пелагонија, Пелистер, Крушево, Рила, Пирин, Кожуф, Беласица, и цела Западна трансверзала. За помалку спремните предвидено е формирање на полесна група за искачување до месноста Куртовица (1680 м.н.в.).

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (планинско возење): Турата започнува од Планинарски дом Папрадиште и се движи по кружниот пат до Куртовица местото кое е крајна дестинација за планинското возење.

КОТИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ

Сместување во планинарски дом Папрадиште + вечера и десерт + ручек 700 ден.

Сместување во сопствен шатор во двор на планимарски дом Папрадиште + вечера и десет + ручек 500ден.

Еднодневен престој со ручек 200ден.

Се повикуваат сите кој имаат спремен велосипед, спремна желба за планинарење да земат учество. Секоја сугестија е добронамерна, и се охрабруваат поединци и организации да се вклучат во организацијата на овој настан.

Сите учесници во настанот (велосипедисти, и планинари) доаѓаат на СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ.

Поради ограничените просторни капацитети, ВЕ МОЛИМЕ контактирајте го организаторот и одговорните лица заради навремено обезбедување на соодветно место(телефони подолу)

ВО САБОТА на 03 јуни во вечерните часови предвидено е целовечерна забава на отворено со DJ Kоста од Метрополис радио.

ВАЖНО : Дополнителни информации и понатамошни детали очекувајте во најскоро време и сите евентуални промени ќе бидат јавно објавени во состав на главниот настан.

ПРИЈАВУВАЊЕ за ноќевање( со шатор, или во дом ) се врши исклучиво телефонски. ОДГОВОРНИ лица Слободан 070 216 106 и 075 757 297 (Емил)

Целокупниот настан го организираме без генерален спонзор(засега) и само со неисцрпната енергија на нашите волонтери, и доброволната помош и ангажман од страна на сите љубителите на природата, планинарењето и велосипедизмот.

ВАЖНО : Сите или дел од активностите предвидени со настанот, може да бидат одложени или откажани поради лоши временски услови или по лична проценка, доколку организаторот процени дека не постојат безбедни услови за нивно реализирање.

Претходен написи
Колку е безбедно жените сами да одат во природа
Следен напис
Александар Кирковски и Дејан Ангелоски на Монте Роса скајмаратон