Идилична планинска куќа Вила Мавро – Маврови Анови

Вести

Позитивен е моментот што се повеќе се појавуваат соодветни сместувачки капацитети кои ја пополнуваат понудата на квалитетно амбиентално сместување.

Ви ја претставуваме Вила Мавро, реновирана амбиентална планинска куќа во Маврови Анови.  Сместена во шумска околина, со прекрасен поглед на Мавровското Езеро и природата на планината Бистра. Вила Мавро располага со уникатен внатрешен простор каде се комбинирани традиционални елементи од македонската стара куќа и модерни финеси на опремување. Вилата нуди поглед на мавровската белина во зима и тиркизно зелените планини во лето и вода кои никогаш нема да ги заборавите. 

Вила Мавро располага со дневен простор и камин за греење, комплетно опремена кујна со фурна, 3 спални соби, комплетно опремена бања и дворно место каде може да уживате во звукот на природата. Бесплатен Wi-Fi , ТВ и паркинг на лице место се достапни во склоп на сместувањето. Во непосредна близина има многу патеки за прошетка, планинарење, велосипедизам, поглед на кањонот на радика, мавровското езеро, турно скијање и возење велосипед низ убавините на Мавровија. Секое годишно време е совршено за посета на ова бајковито место кое со сигурност остава без зборови. На само 5 мин од Вила Мавро можете да уживате во локалните маркети и ресторани со традиционална македонска храна. Изнајмувањето и престојот во оваа амбиентална планинска куќа ќе ве чини 100 евра од ноќ (минимум две ноќевања).

Локација: Вила Мавро се наоѓа во Маврово, Маврови Анови, на само 30 мин. од манастирот Свети Јован Бигорски и 10 мин. од скијачкиот центар.

Резервација: Вилата е достапна преку booking.com , инстаграм или директно на телефон + 389 78 675 271

Претходен написи
Еве го најевтиното скијање во Европа годинава
Следен напис
Скијање март Les2Alpes Франција