Сакаш да станеш ски патролер?

Вести

Во потрага сме по нови членови МЗСС се во потрага по нови членови кои ќе го збогатат тимот ски патролери. Ако си млад и енергичен, голем ентузијаст и страствен љубител на планината и скијањето, ова е совршената можност за тебе!

Какви членови ни се потребни?

 Млади и енергични луѓе: Големи ентузијасти и страствени љубители на планината и скијањето.

 Хумани луѓе: Луѓе кои пред сѐ сакаат да пружат помош на оние што им е потребно.

 Дружелубиви и комуникативни луѓе: Тие кои несебично ќе ги споделуваат нивните искуства.

Ако се препознаваш во овие карактеристики, не пропуштај ја шансата да се придружиш на нашиот тим!

Аплицирај на нашата веб страна: www.mzss.info

 Телефон: +389 78 533 331

 Е-пошта: mzss.info@yahoo.com

МЗСС е официјален член на Интернационалната Федерација на Ски Патролери.

Претходен написи
Влијание на климатските промени врз планинарењето на Алпите
Следен напис
When in Krusevo 2024 outdoor festival