Рекордот на патеката е обновен. Швеѓанецот Ерик Нилсон постави ново време од 2 часа 11 минути и 22 секунди. Тој за час и 18на минути стигна до Титов Врв на 2748 метри, а наза на Попова Шапка се појави за 52 минути. Во женска конкуренција победи супер брзата македонка Елена Ртоска со вкупно време од 2 часа 58 минути и 47 секунди.
Патеката започнува од “Конак“ на Попова Шапка, преку стазата “Церипашина“ до куќарката на крајот од жичарницата, а потоа, по планинарската патека до Антени (2.520 мнв). Од таму по гребенот (зимска патека) минува преку Казани, Карабунар и го искачува врвот Бакарадан (2.704 мнв) се до Титов Врв (2.747 мнв). Враќањето назад е по истата рута. Патеката имаше две контролни и три освежителни пунктови (Антени 2.520 мнв. и седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв на 2.500 мнв., врвот Титов врв 2748 мнв.) каде има обучени контролори и волонтери. Помеѓу станици имаше дополнителни волонтери кои шетаат низ патеката, бодрат а во случај на непредвидена ситуација пружат помош. Дополнително за безбедност на настанот беше ангажиран спасувачки тим и доктори.
Лимит за финиширање на трката е 7 часа.