Веќе втор ден гори пожарот во рамките на паркот Галичица. На тешко пристапен терен во зона над 2000 метри околу кота Ф10 и Магаро.
Со пожарот на терен се справуваат екипи на паркот Галичица и на планинската спасителна служба Црвен крст Охрид кои прават надчовечки напори да го спречат ширењето на пожарот и да го држат под контрола.
Ним им помага хеликоптер на МВР кој исфрла вода врз пожарот. Гаснењето го отежнува тешко пристапниот терен и големата височина на пожарот кој гори на над 2000 метри надморска височина. Проблем претставува и тоа што со возило може да се стигне само до одредено место од каде пеш треба да се оди уште неколку часа до жариштето. Поради тоа се разгледува опцијата смената на ангажираните екипи да се врши со хеликоптер.
напомена: Волонтери може да помагате во координација со паркот Галичица или планинската спасителна служба Охрид.
Состојба во живо