ПроШарај викендов низ Шара и Попова Шапка

Вести

ПроШАРАЈ 2024 ќе се одржи на 24 и 25 август 2024 година на Попова Шапкка во Конак, во дворот на манастирот.

Покрај стандардните активности како базар на ракотворби, музички настапи и планинарска тура, програмата е надополета со панел дискусија во живо на тема спорт, перформанси, планина и здравје, тинејџерски шарпланински камп, проекција на планински филмови, еко акција за чистење на околината на настанот, планинаска тура со електрични велосипеди, како и креативни работилници за возрасните.

Сите учесници на овој настан се првенствено одржливо – одговорни брендови и креатори со цел промовирање на подобар и поквалитетен начин на живот. Истовремено, дел од нив творат и создаваат на тема планина, одржливост, рециклирање.

Поради тековната состојба за превенција од пожарите низ Македонија регистрација на посетители е задолжителна овде на линкот

Претходен написи
Што ново се гради по алпите
Следен напис
Презентација скијање FRANCE 2025