Подвиг надвор од мерилата Kilian Jornet искачени сите 82 четириилјадарки за 19 дена

Вести

Подвиг надвор од мерилата, Килијан Џорнет ги искачи сите 82 врвови од 4.000 метри на Алпите без никаква механичка поддршка – возење велосипед од масив до масив ,за само 19 дена.

Мистични бои, изгрејсонца, зајдисонца, временски прилики и неприлики, повреди, болки, страдање, тотална тишина, стрмните и колосални погледи ќе останата засекогаш како ехо во мислите за овој енормен еп!

„Ова , без никакво сомневање, најпредизвикувачкото нешто што сум го направил во животот, ментално, физички и технички, но можеби и најубавото“, напиша Џорнет на социјалните мрежи.

Килијан отворено не призна дека се обидува да собори рекорд, но неговиот 19-дневен еп го сруши претходниот лимит на искачување поставени од Уели Штек. Штек овој предизвик го заврши за 62 дена во 2015 година.

Претходен написи
Презентација скијање FRANCE 2025
Следен напис
Девастирачки ефект на сувото лето