Станува збор за мал ски центар од рекреативен карактер.
Како организација skimacedonia чија примарна цел е анимирање промоција на инвестиции и развој во зимските спортови што и сами го правиме онолку колку можеме и колку ќе собереме, исклучително вредно е да напоменеме дека теренските работи се донација од компании придонесувачи, општествено одговорна фирма ЈА МИ Кавадарци. Инвестицијата за овој центар се донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација на Комерцијална банка, а 115.000,00 евра се донација од Кожувчанка ДОО.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук објави дека започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово, и истиот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија која што при крајот на ноември се очекува да се монтира. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови.
Ски лифт и патека со должина од 370 метри чии капацитете е 600 лица на час. Патеката ќе поседува опрема за вештачко заснежување, инсталации и водоводна мрежа за снежните топови, заштитни мрежи.