Национален парк Шар Планина започнува со наплата на територијата на паркот

Вести

Почитувани посетители,

Од 2 мај 2025 година, Јавната Установа Национален парк Шар Планина започнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код.

📌 Кому му се наплатува?

✅ Сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот.

📌 Кој е ослободен од наплата?

🏡 Жителите на селата во рамките на паркот,

🏡 Сопствениците на приватни имоти,

🏢 Правните лица регистрирани на територијата на паркот,

се ослободени од надоместок за движење во своите зони.

Како да платите?

🚗 Пратете СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144 – 555

ИЛИ

📱 Скенирајте QR код, изберете категорија на возило и внесете ги бараните податоци.

✅ Пример за СМС порака:

A TE5678ET (за автомобил)

Категории на возила:

🏍️ Мотор и автомобил, 150 МКД

🚐 Комбе и минибус до 20 седишта, 250 МКД

🚌 Автобус и тешко моторно возило, 450 МКД

ℹ️ За повеќе информации јавете се на: 076 221 551

Тарифите важат за сите посетители кои се движат со моторни возила по дозволените патишта во Националниот парк.

Дополнително известување:

📢 Дејноста на ЈУ Национален парк Шар Планина е од јавен интерес:

✅ Заштита на националните богатства на Шар Планина

✅ Едукација на јавноста

✅ Подобрување на условите за живот на локалното население

➡️Установата функционира по принцип на самофинансирање и преку наплата на услуги дефинирани со одлука донесена од Владата на Република Северна Македонија.

📄 Деталите за тарифникот и одлуката можете да ги погледнете на следниот линк:

👉 Тарифник и Одлука – линк

Стратешка заложба за одржлив туризам:

🌱 Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк.

Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. 🌍

Претходен написи
Расчистувањето и маркацијата на планинарски патеки трае со години 14 часа теренска работа секој ден откриваат волонтери од Македонска бесконечна трансверзала