ПроШарај 2025 – Попова Шапка

Вести

Љубовта кон Шара, секој нејзин здив, секоја нејзина падина, секој врв постојано нè инспирира да создаваме, да креираме, да ја воздигнуваме. Љубовта кон неа создаде една желба за пренесување и доближување на магијата на Шара до многу поширока заедница.

Со досегашните Шарпланински базари и ПроШАРАЈ настани ја раширивме нашата љубов и ја пренесовме до сите оние кои сакаат природа, добра забава, авантури, чист воздух и супер дружби.

Оваа година ПроШарај 2025 ќе биде место за викенд уживање со збогатена содржина распределена во два дена. ПроШАРАЈ 2025 ќе се одржи на 16 и 17 август 2025 година во Конак, во дворот на манастирот.

Покрај вообичаените активности, оваа година програмата ја надополнуваме со следниве содржини:

• Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Tomas Performance, Илина Арсова и Перица Сарџоски, која ќе ги истражи врските помеѓу спортот, перформансите, планината и здравјето.

• Изложба „Патеписи“ на Илина Арсова, која ќе ги претстави нејзините инспиративни патувања и доживувања.

• Еко Шарпланински Базар, каде ќе бидат изложени ракотворби и производи од одржливо-одговорни брендови и креатори.

• Халк Еко Детско Катче, посветено на најмладите посетители со едукативни и забавни активности.

• Кратка тура со електрични велосипеди со Shar Outdoors, за сите љубители на природата и авантурата.

• Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско, со фокус на рециклирање и креативност.

• Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream, каде ќе се учи за уметноста на хеклањето.

•Планинарска тура до Јелак во соработка со ПСК Поларис – Куманово, за истражување на убавините на Шара.

• Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип, за љубопитните млади истражувачи

• Музички сетови со Dj Mike West, Dj Rudi, Dj S.A.M., Dj Oky Doky, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера и забава

Сите учесници на овој настан се првенствено одржливо – одговорни бренди и креатори со цел промовирање на подобар и поквалитетен начин на живот. Истовремено, дел од нив творат и создаваат на тема планина, одржливост, рециклирање.

Ве очекуваме на ПроШарај 2025 за незаборавно искуство во прегратките на Шар Планина!

АГЕНДА

16 АВГУСТ (САБОТА)

13:00 – 14:30
Халк Еко Детско Катче

15:00 – 17:00
Dj Capee & Manojlov
Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско

17:00 – 20:00
Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream

20:00 – 22:00
Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Томас Перформанс, Илина Арсова и Перица Сарџоски

17 АВГУСТ (НЕДЕЛА)

08:00

Планинарска тура до Јелак со ПСК Поларис – Куманово

10:00 – 12:00

Еко акција, чистење на настанот во соработка  со Скопско

11:00
Dj Mike West
Поставување на штандови од базарот

12:00

Почеток на Еко базарот

12:00- 14:00 

Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип

12:00 – 14:00
Dj Rudi

14:00 – 16:00

Dj S.A.M.

16:00 – 18:00

 Dj Oky Doky

18:00

Затворање на настанот

Претходен написи
Цените на угостителските услуги во Македонија 5% поскапи на годишно ниво во јули
Следен напис
Нова патека на Водно!