Изминатата недела, од 8 до 16 септември, македонската алпска скијачка Ева Милевска беше дел од меѓународен тренинг камп за брзи дисциплини во Zermatt, Швајцарија, организиран од страна на FIS по предлог на Скијачка федерација на Македонија.
Овој камп претставува исклучителна можност за подготовка на една од најпрестижните и најбарани дисциплини во алпското скијање, спустот и супервелеслалом, на патеки кои се сметаат за најдобро подготвени во светот .
Подготовките продолжуваат во Италија, каде Милевска работи со врвни италијански тренери со големо искуство и традиција во брзите дисциплини, и истите претставуваат клучна поддршка за нејзиниот развој. Довербата и вложувањето на италијанските експерти имаат особено значење по бројните предизвици со кои Ева се соочи во изминатиот период.
И покрај ограничената системска поддршка, резултатите и амбицијата на Ева претставуваат јасен сигнал дека и од Македонија може да произлезе натпреварувач во брзите дисциплини на највисоко ниво.
Претстојната сезона носи голем број FIS трки, а особено значаен е моментот на нејзиното прво планирано учество на Европа куп, важен исчекор за македонското алпско скијање и силна мотивација за идните генерации млади скијачи .


