Зима во знакот на тивкиот луксуз елегантни скијачки точки

Вести

Ако не доаѓате со нас на готово, тогаш вистинско време е да резгледате сами дестинација.

Оние на кои им треба дискретност, тишина, природа, едноставност. Ви преставуваме неколку дестинации кои сме ги провериле од прва рака, не се само скијачки центри, туку светови сами по себе. Секој детаљ зборува за старомодна елеганција и време што тече во ритамот на сопствената историја.

Ова се дестинации кои ги нема многу на билборди, жолти страници, социјални мрежи. Се откриваат полека, често преку препораки. Зрачат со атмосфера на благородничка традиција, амбиент каде се инфилтрираат највисоките кругови на стара Европа, каде што нормата било да се остане дискретен.

Crans-Montana, Швајцарија

Сместен во францускиот дел од кантонот Valais, Crans-Montana е познат по својата панорама што ги вклучува Mont Blanc, Weisshorn и Matterhorn. Девет езера, шуми, глечери и планинарски патеки стануваат сцена на снежни бајки во зима. Со повеќе од 140 км квалитетни патеки, снежен парк и најголемото лизгалиште во регионот, Crans-Montana е совршена дестинација за оние кои сакаат комбинација од активен одмор, тишината на височините, дотерани брзи бабички на скии и по некој комшија со Bentley.

.

Kitzbühel, Австрија

Со пастелни фасади, тесни улички и средновековен амбиент, Kitzbühel повеќе наликува на град од приказните на Андерсен отколку на скијачки центар. Ексклузивни брендови од модната индустрија, лускузни ресторани и кафитерии се неибежни. Kitzbühel е дом на најопасната патека за спуштање во Светскиот куп – Hahnenkamm .

Добра локација за семејства и средновечни скијачи, а одморалиштето Гранд Тиролија на патеките нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и скијачки активности.

Lech am Arlberg, Австрија

Дестинација со педигре, една од честите точки на британското кралско семејство. Lech има 305 км патеки и 200 км терен за фрирајд. Релаксирани снежни патеки, возењето со санки, тиролските специјалитети и погледите на Formarinsee, езерото кое е прогласено за најубаво во Австрија, го прават ова место бисер за оние кои знаат што бараат. А тоа не е бучава, ниту пак луѓе.

Courmayeur, Италија

Можеби една од најимпресивните точки која била дел од турите со Nehar. Пејсажите се фрапантни, Џејмс Бонд кадри, италијанската страна на Mont Blanc. Courmayeur е совршена мешавина од софистицираност и автентичност. Би се рекло дека има повеќе јадење отколку скијање, бројот на ресторани го надминува бројот на патеки. Селото е полно со бутици и кафулиња, а планината нуди 100 км патеки, можности надвор од пистата и разни снежни авантури за оние кои сакаат повеќе од стандарден одмор. Километражата е навидум кратка но патеките се предобри особено шумскиот појас кон гигантските глечери на Mont Blanc.

Megève, Франција

Центар кој комбинира елеганција, романса и историја. Изграден во 1920-тите години по моделот на St.Moritz, Megève е симбол на француската уметност на живот, генерации наназад стопанисуван од фамилијата Ротшилд. Сместен во подножјето на Mont Blanc, со височини до 2350 м, нуди совршени услови за скијање, беспрекорни мазни патеки за скијање без стрес, прошетки низ тивки улици од камен, вечери со свеќи и атмосфера на сега веќе доста застапениот термин old money што никогаш не излегува од мода.

Тивкиот луксуз како статусен симбол. Вистинската вредност е во дискрецијата, природната убавина, чувството дека не мора ништо да докажувате. Без разлика дали седите со вино во колиба во Crans-Montana или шетате по тивките улици на Megève, заедничкиот именител е ист: луксуз без бучава.

Дестинации со сличен ритам но веќе погласна нота на снобовска популарност се ски зоните Courchevel, Gstaad, Alpbach , Pontresina, Alta Badia, Kaprun.  

Претходен написи
Придружи се на специјализирани тренинзи за скијачи
Следен напис
Скијање март Les2Alpes Франција