Од 1 февруари 2026 година во следните 10 години, фирмата Ски Надја Дооел го превзема под концесија и управување ски центарот Пониква.
Општините Кочани и Пробиштип се сопственици на центарот. Концесионерот се обврзува да работи професионално, одговорно кон одржување унапредување и развој на целокупниот скијачки центар Пониква.
Центарот засега има две ски патеки и два ски лифтови, стаза 1 зелена и Стаза 3 црвена на која се одржува (кога има услови само од бога дадени) “Осоговски велеслалом”

Операторот ветува максимална посветеност, безбедност, подобри услови. Засега не се најавени инвестиции во инфраструктура.
Како и да е, плескавици и чај не ни бегаат!








