Докторите низ студии докажуваат како планинарењето го менува мозокот.
Очигледно е дека доброто пешачење низ шума или горе меѓу врвовите ќе ви го исчисти умот, телото и душата, но науката откри дека пешачењето и планинарењето ќе ви го променат мозокот на подобро.
Настрана од инстант чувство на смиреност и задоволство што ве придружува за времето поминато на отворено, пешачење во природа го редуцира стресот и негативните мисли. Многумина од нас често се во ситуација да се најдат себе си опкружени со негативните мисли од околината, која не води надвор од уживањето во моментите, а во најлош случај и надолу кон депресија и анксиозност. Но, една неодамнешна студија објавена во зборник на американската национална академија на науките, покажа дека поминатото време во природа ги намалува овие опсесивно, негативни мисли и стрес, и тоа со значителна маргина.
За да се спроведе оваа студија компарирани се податоци од стрес и анксиозност на партиципанти кои пешачеле и спортувале на отворено во природа и во урбано, градско опкружување. Докторите увиделе дека партиципантите кои пешачат 90 минути во природа имаат пониски нивоа на стрес и редуцирани неурални активности околу кортексот, област околу мозокот поврзана со менталните болести.
Планинарењето и пешачењето во природа додека сте “дисконектирани” од технологијата го бустира т.е забрзува креативното решавање на проблемите. Студија спроведена од психолози Ruth Ann Atchley и David L. Strayer покажува дека одалеченоста од технологијата придонесува за драстично подобрено, креативно размислување (повеќе од 50%) и решавање на одредени проблеми кога сме поврзани со природата.
Намаленото внимание и хиперактивното растројство стануваат се повеќе заеднички елементи помеѓу децата и младите генерации. Децата поврзани и опкружени со премногу дигитална технологија и динамично урбано живеење имаат се повеќе потешкотии да останат фокусирани, лесно им се привлекува вниманието и покажуваат прекумерна хиперактивност. Планинарењето може да го подобри ова во позитивен правец, посебно што студиите покажале дека изложувањето на децата подолготрајно во природа ги редуцира овие симптоми.
Не губете време, спакувајте мал ранец и појдете во природа, истражувајте ја дивината…