Afriski е првиот ски центар кој отвори на јужната хемисфера

Вести

Првото одморалиште во јужната хемисфера е отворено за сезоната 2020 година. Африски е едно од двете одморалишта во јужна Африка, а се отвори за скијање на 6-ти јуни.

Африски центарот се наоѓа во Лесото, земја опкружена во целост од Јужна Африка. Јужна Африка во моментов е сè уште затворена за патување заради covid19 кризата, па Лесото односно центарот Африски во суштина е отворен само за локалното население. Африски е на 3.200 метри височина, јуни е обично најсушниот месец во Лесото, но температурите се доволно ниски за вештачки снег, а можат да паднат и до -17°C. Засега никој не се пожалил дека е нападнат од лав

Низ другите региони од јужната хемисфера, многу австралиски одморалишта како и ски центри низ Нов Зеланд планираат да се отворат овој период. Одморалиштата во Аргентина и Чиле, Јужна Америка остануваат засегнати од владините мерки против covid-virus кризата и не ги објавија датумите за отворање.

Претходен написи
Како изгледа Шарска авантура во овој период од годината
Следен напис
Vail Resorts го објави оперативниот план за австралиските ски центри
Мени