Аудио документарец за мијачкото село Лазарополе, сместено во Западна Македонија на падините на Бистра, дел од националниот парк Маврово. Ова прекрасно креативно аудио парче е посветено на неговата историја и природните убавини кои го опкружуваат. Документарецот содржи звуци од Лазарополе, околните врвови, шумите, црквата. А паралелно и интервјуа со автори кои имаат напишано книги за селото, неговата историја, записи на поетот Јован Ламбески, како и коментари од жителите.
Интервјуто го прави Натали Славковска
Музика и пеење Емили Славковска
Сценарио и монтажа Тони Димитров
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/04/lazaropole-december-2014-skimacedonia-7.jpg)
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/04/Lazaropole-mavrovo-mijaci-gjrucin-kokale10-1.jpg)