Cortina 2021 – Светскиот Шампионат во Алпско скијање

Вести

Топ скијачите се на тест од 8ми до 21ви февруари во италијанскиот ски центар Cortina d’Ampezzo.

Кралицата на Доломитите  е домаќин на настанот по трет пат во историјата додека Италија како земја 7ми пат (последен пат во Bormio 2005та). Епската патека Olympia delle Tofane е редовна станица на Светскиот Куп во Алпско скијање.

Светскиот шампионат во алпско скијање кој се одржува во Cortina d’Ampezzo се до 21ви февруари е главниот тест за најдобрите светски скијачи годинава. Натпреварите почнуваат од денес 9ти февруари откако се откажа првиот натпреварувачки ден заради лоши временски услови.

Женскиот Super G е на програмата денес 9ти февруари на славната патека: Olympia delle Tofane.

Дали Mikaela Shiffrin ќе се врати во својата стара форма и ќе освои својата петта последователна титула во слалом ? Дали само Alexis Pinturault ќе освои медал по четврти пат. Која нација ќе освои највеќе титули ?

Вкупно 13 титули (6 за мажи, 6 за жени и 1 микс) ќе се доделат за време на 46то издание на ова натпреварување кое ќе собере преку 600 скијачи од 70 земји, согласно локалните организатори. За прв пат има индивидуален натпревар во паралелен слалом додаден на програмата согласно одлуката на Интернационалната Ski (FIS) Федерација во 2019г.

На претходниот Светски Шампионат во Are, Шведска – три земји се бореа за најмногу медали: Норвешка, Швајцарија и САД , секоја со по четири медали вклучително и две злата.

Во 2023 та година Светскиот Шампионат ќе се одржи во Courchevel-Meribel, Франција додека пак Saalbach во Австрија е домаќин во 2025та.

Претходен написи
Искуство: Се искачив на 61 планина за една година
Следен напис
Пакистан: Трагедија, хеликоптери извидуваа за трите исчезнати планинари на К2
Мени