COVID ги откажа трките во Wengen, се префрлаат во Kitzbuehel

Вести

Заради влошување на состојбата со COVID во швајцарскиот Wengen, 91-вото издание на патеката Lauberhorn нема да се одржи, согласно соопштението од  Swiss-Ski. Според најновите анализи во кантонот Bern одлучија планираните трки за викендов на Lauberhorn да не се одржуваат. Организаторот кој е Swiss-Ski а и FIS ја поддржуваат оваа одлука на властите во контанот која е донесена пред пристигнување во селото на стотици скијачи како и официјални акредитирани лица.Врската со селото е само преку локална железница која преминува преку Jungfrau и Eiger планините.

Оваа одлука е голем удар за организаторите, кои вршеа одлични подготовки како и секогаш. Bernhard Aregger, CEO на Swiss-Ski изјави “Откажувањето на настанот на една од најпрестижните трки на календарот од Светскиот Куп го погодува срцето на секој еден љубител на скијањето. Бездруго нашата работа е да се погрижиме за безбедноста на секој еден инволвиран во настанот па и кога соочуваме со ваквата одлука, здравјето ни е на прво место..”

Според швајцарска ТВ, ситуацијата во Wengen е влошена заради ширење на вирусот кај персоналот на трката последните денови како и заради британските туристи кои наводно ја пренеле и мутираната варијанта на вирусот.

Претходен написи
Pinturault најбрз во двете спуштања за победа во Adelboden
Следен напис
K2: Хаос во Камп 2
Мени