Dominik Paris: Цел ми е да почнам добро, а потоа ќе се видиме

Вести

Dominik Paris, деновиве актуелен во италијанските медиуми кои ставаат акцент на неговиот повраток во натпреварите по рехабилитацијата од тешката повреда на коленото на почетокот на годинава.

“Повредата ми го промени планот на подготовка, но се друго ми е горе долу вообичаено. За мене е многу важна атлетската подготовка, но пак преферирам ски тренинзи”– вели 31 годишниот ас кој се врати на скии пред само еден месец на Stelvio.

На прашањето како ќе им пријде на првите натпревари од сезоната како спуст и супер-џи во  Val d’Isere на 12ти и 13ти Декември на познатата писта Oreiller-Killy di La Daille и главните таргети за оваа зима се изјасни: “Главна цел ми е да започнам добро, а секако и да влезам во добра форма за Светскиот Куп во Cortina”. Секако нема да скија на велеслалом во Sölden  “Слаломот не ми е по мерка”.

Според него:“Многу ми менува тоа што се откажани натпреварите на Севернo-Американскиот континент, пред се бидејќи стазат во Lake Louise ми е добро позната за разлика од Val d’Isere каде треба да пристигнам со многу верба во себе.” Се изјасни Dominik за италијанските медиуми на свеченоста по повод скијањето во организација на Gazzetta dello Sport неделава.

Претходен написи
Sölden со позитивна снежна контрола
Следен напис
Alberto Tomba La Bomba именуван за спортист на столетието