Две лица зафатени едно загина од лавина во Samnaun/Ischgl

Вести

Швајцарското одморалиште Samnaun/Ischgl е дел од кантонот Граубунден, Швајцарија и е поврзано со Ишгл во Австрија.

Две лица кои не го почитувале насоките на центарот, да скијаат по обележани ски патеки за скијачи, при премин низ конектор кој обично го користат ратрак машините биле повлечени од влажна снежна лавина. Станува збор за две возрасни жени, а една имала среќа да преживее.

Едната од жените била делумно закопана и спасена. Целосно закопаната жена, била предоцна лоцирана благодарение на куче трагач и набрзо извлечена, но во болницата Сент Гален на реанимација, била констатирана смрт.

Швајцарскиот институт за истражување на лавини, SLF, вели дека имало предупредување од ниво 3 што значи дека имало „значителен“ ризик.

Истото ниво останува во голем дел од Швајцарија.

Претходен написи
Оперативни Алпски ски центри периодов
Следен напис
Rossignol надмина 400 милиони промет раст 28%